„Потребна е патна карта за решавање на мигрантската криза"

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека треба да се утврди патна карта за решавање на мигрантската криза

„Потребна е патна карта за решавање на мигрантската криза"

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази целосно уверување дека на крајот од разговорите меѓу Турција, Грција и ЕУ кои што се во тек ќе може да се намали бројот на мигранти.

Меркел на заедничката конференција за печатот со претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандез во владината зграда во Берлин одговараше на прашањата на новинарите.

Истакнувајќи дека треба да се утврди патна карта за решавање на мигрантската криза, Ангела Меркел рече дека сеуште постојат чекори кои што треба да се фрлат за елиминирање на причините да се биде мигрант.

Велејќи дека местата за згрижување на бегалците во Турција, Јордан и Либан се ограничени, Меркел рече: „Точно поради тоа во програмата на мигрантскиот план меѓу Турција и ЕУ се наоѓаат овие точки: Дозвола за работа за мигрантите, поддршка на ЕУ на мигрантите во Турција. По 1 ноември ќе работиме на овие точки.“

Претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандез пак привлече внимание дека мигрантскиот проблем е историски проблем кој што се доживува на земјината површина и рече дека состојбата во врска со мигрантскиот бран во Средна Америка е „мошне болна“.   


Тагови:

Слични вести