Иран првпат поканет на меѓународните состаноци посветени на Сири

Поканата за учество на Иран беше доставена од страна на Русија

Иран првпат поканет на меѓународните состаноци посветени на Сири

Иран првпат поканет на меѓународните состаноци посветени на Сирија во која земја над четири години трае граѓанската војна и се вложуваат напори за изнаоѓање решение.

Поканата за учество на Иран беше доставена од страна на Русија, изјави еден висок американски претставник потенцирајќи дека досега сеуште не пристигна одговор од страна на Техеран.

Последниот состанок посветен на иднината на Сирија со учество на министерот за надворешни работи на Турција Феридун Синирлиоглу, министрите за надворешни работи на САД, Русија и Саудиска Арабија се одржа на 23 октомври во Виена.

Претстојниот состанок ќе се одржи утре исто така во Виена.

На средбите овојпат се очекува да учествуваат и претставници на Германија, Англија, Франција, Јордан о Обединетите Арапски Емирати.

Американското раководство соопшти дека одреден период имале во предвид дека на меѓународните состаноци постои можност да учествува и Иран потенцирајќи дека одредени земји меѓу кои и Саудиска Арабија се против тоа.


Тагови:

Слични вести