Во нападот на џамија во Саудиска Арабија загинаа две лица

Во вчерашниот самоубиствен напад на џамија во провинцијата Неџран во Саудиска Арабија во која оделе Шиитти бројот на загинати се зголеми на два лица

Во нападот на џамија во Саудиска Арабија загинаа две лица

Бројот на загинатите во реализираниот самоубиствен напад во понеделникот (синоќа) на џамија во провинцијата Неџран во Саудиска Арабија во која оделе Шиитти се зголеми на два лица.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Самоубиствениот напаѓач по клањањето на намазот на излегување на верниците од џамијата влегол внатре во џамијата и го експлодирал експлозивот на себе.

Во нападот освен двајца загинати имало и 12 повредени лица од кои повеќето потешко.

Пред приближно 10 дена беше реализиран напад и во областа Хусејније во провинцијата Катиф во Саудиска Арабија каде што мнозинството го сочинуваат Шиити при што 5 лица загинаа, а 9 лица беа повредени.

Одговорноста и за овој напад ја презеде терористичката организација ДЕАШ.


Тагови:

Слични вести