Палестина побара помош од Европската унија

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се состана со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини

359216
Палестина побара помош од Европската унија

Палестинскиот претседател Махмуд Абас растечките насилства во регинот до кои дојде по израелските прекршувања во Месџид-и Акса ги постави на дневен ред на Европската унија.

Абас во однос на прашањето разговараше со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

По средбата Могерини упати повик за фрлање на конкретни чекори кои што ќе обезбедат придонес за израелско-палестинскиот мир.

Могерини истакна дека треба да се фрлат чекори со кои ќе се зголеми квалитетот на животниот стандард на палестинскиот народ, ќе биде зајакната палестинската управа во економска, политичка и безбедносна сфера, а исто така ќе биде загарантирана безбедноста на израелскиот народ.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас пак истакна дека крајно жали поради тоа што се пролева крв на овие територии.

Абас рече: „Упатуваме повик до израелската влада да преземе мерки со кои ќе бидат сопрени активностите за изградба на нови населби за еврејските доселеници и нападите против Месџид-и Акса, како и да бидат продолжени преговорите.“

Во период кога продолжуваат потрагите по изнаоѓање решение за кризата продолжува да расте и тензијата во регионот.

Израелски воени авиони како последно реализираа два воздушни напади на југот на Газа.

Во објавеното соопштение од израелската армија се наведува дека нападите биле реализирани како одговор на ракетарскиот напад од Газа врз јужниот дел на Израел.

Израелските безбедносни сили кои тврдејќи дека биле подложени на напад со нож убија двајца Палестинци, убија еден Палестинец и во градот Ел Халил.  



Тагови:

Слични вести