Германија против учеството на Асад во преодната влада

Германија е против сирискиот претседател Бешар Асад да стане дел од преодната влада во Сирија

401042
Германија против учеството на Асад во преодната влада

Портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шефер истакна дека Асад по извршените воени злосторства не може да стане дел од преодната влада која ќе располага со целосна надлежност за управување.

Шефер изјави за претставниците на печатот дека во однос на ова прашање неговата земја стои на исто мислење со Турција и Саудиска Арабија.

Мартин Шефер рече: „По воените злосторства и варварските воени применувања кои што се вршат веќе четири и пол години од страна на Асад и во негово име, не можам да замислам дека Сиријците или нивните претставници  ќе прифатат Асад да учествува во преодната влада која ќе располага со целосна надлежност за управување. 


Тагови:

Слични вести