Продолжуваат дискусиите околу контролата на џамијата Месџиди Акс

Палестинското исаламско движење реагираше остро на договорот меѓу Израел и Јордан за клањање на Муслиманите во џамијата Месџиди Акса во Ерусалим

400726
Продолжуваат дискусиите околу контролата на џамијата Месџиди Акс

Продолжуваат дискусиите околу контролата на Џамијата Месџиди Акса во Ерусалим која за Муслиманите има извонредно значење како прва Кибла.

Палестинското исаламско движење реагираше остро на договорот меѓу Израел и Јордан за клањање на Муслиманите во џамијата Месџиди Акса во Ерусалим.

Движењето издаде соопштение во кое се вели дека договорите за Месџиди акса постигнати во последниот период со посредништвото на САД не се нито друго туку мачкање на очите. Договорот само го потврдува суверенитот на израелската држава во Ерусалим и во Месџиди Акса и го поставува Израел во надредена улога во смисла на тоа како да им дели милостиња на муслиманите и им дозволува да клањаат намаз во џамијата. Истиот договор воедно од корен го потресува авторитетот на Јордан над оваа џамија.

Во меѓувреме премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху исјави дека немаат било каква намера за поделба на Месџиди акса. Тој додаде дека височинката позната како Хареми Шериф( Височинката на храмовите) е почитувана од припадниците на трите религии, Евреите, Муслиманите и Христијаните.

Американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери минатите денови беше во посета на Јордан и Израел. Кери после разговорите соопшти дека светите места како што се височинката Хареми шериф и џамијата Месџиди акса со систем на камери се набљудуваат нез престанок 24 часа .

Кери додаде дека смета дека е позитивно тоа што Нетанјаху им дозволи на Муслиманите да клањаат намаз во џамијата Месџиди акса , а на немусллиманите да ја посетуваат.

Израел го окупира Источен Ерусалим каде што се наоѓа џамијата Месџиди акса во 1967 година. До 2000 година со џамијата управуваше фондацијата Месџиди акса која беше блиска до Јордан. Турстите немуслимани имаат право на посета на џамијата.

Поранешниот исраелски премиер Ариел Шарон со голема група телохрљанители влезе во Месџиди акса по што се случи втората палестинска Интифада. После тоа фондацијата Месџиди акса донесе забрана за посета на џамијата и ги одби сите барања за обновување на дозволата за посета.Во април 2003 година изралеските власти и покрај спротивставувањето на фондаџијата Месџиди акса еднострано донесоа одлука џамијата да можат да ја посетуваат туристите немуслимани. Од тогаш до денес статусот на џамијата е во спротивност со барањата на муслиманите.

Од 2003 година изралеските власти повремено им дозволуваат на еврејските доселеници под полициска придружба да ја посетуваат џамијата Месџиди акса, а на муслиманите им поставува старосна граница како услов да посета на џамијата.Одредени радикални еврејски версни заедници бараат џамијата да се отвори за нивна богослужба.

 


Тагови:

Слични вести