На маршрутите на мигрантите кампови од по 100 илјади лица

На самитот во Брисел на кој се состанаа лидерите на 11 земји членки на ЕУ и на Балканските земји беше одлучено на маршрутите на мигрантите да се формираат кампови од по 100 илјади лица

400433
На маршрутите на мигрантите кампови од по 100 илјади лица

ЕУ продолжува да бара решение за мигрантската криза...

На самитот во Брисел на кој се состанаа лидерите на 11 земји членки на ЕУ и на Балканските земји беше одлучено на маршрутите на мигрантите да се формираат кампови од по 100 илјади лица.

На самитот се стоеше и на значењето од заедничка работа со Турција по прашањето на мигрантите.

По самитот претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, германската канцеларка Ангела Меркел и Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутерес одржаа заедничка конференција за печатот.

Јункер ја нагласи потребата од зголемување на безбедноста на границите на ЕУ.

Привлекувајќи внимание кон неповолните временски услови на кои се подложени мигрантите, Јункер рече дека во Грција и Балканските земји кои се наоѓаат на маршрутата на мигрантите ќе бидат ставени во примена кампови од по 100 илјади лица.

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека за подобро управување со кризата ќе биде зајакнета координацијата меѓу земјите и дека секоја земја ќе задолжи по еден свој претставник за мигрантите.

Меркел рече дека меѓу среднорочните решенија била нагласена заедничката работа со Турција.

Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутерес укажа на тоа дека за изнаоѓање решение за проблемот со мигрантите сите европски земји треба да соработуваат и нагласи дека тоа не претставува избор туку задолжение.

Во декларацијата составена од 17 точки што беше објавена на крајот на самитот беше одлучено да бидат зголемени споделбата на информации и воспоставувањето на комуникација меѓу земјите.

Во точката „управување со границите“ беше подвлечено значењето на соработката со Турција.

Во декларацијата им се одделува место и на прашања како што се зголемување на патролите и безбедносните мерки на границите.

Од друга страна голем број мигранти го продолжуваат патувањето преку Балканските земји до внатрешните делови на Европа.

Во последната една недела повеќе од 64 илјади мигранти влегоа во Словенија.

Меѓународната организација за миграција соопшти дека бројот на мигрантите кои се дојдени во Европските земји досега изнесува над 680 илјади.

Поради наближувањето на зимата во границите на Европа се доживува голема човечка трагедија. 


Тагови:

Слични вести