На изборите во Полска победи Партијата право и правда

Партијата право и правда освои 242 пратенички мандати во полскиот Парламент составен од вкупно 460 пратенички места и го освои потребното мнозинство за формирање самостојна влада

400331
На изборите во Полска победи Партијата право и правда

На одржаните парламентарни избори во Полска Партијата право и правда стави крај на 8-годишната власт на централно-десничарската партија Граѓанска платформа под водство на Ева Копач.

Партијата право и правда освои 39,1-отсто од гласовите на полските гласачи и излезе како прва партија од изборите кои што беа одржани вчера.

Владејачката Граѓанска платформа пак со освоени 23-отсто од гласовите го освои третото место.

Според овие резултати Партијата право и правда освои 242 пратенички мандати во полскиот Парламент составен од вкупно 460 пратенички места и го освои потребното мнозинство за формирање самостојна влада.

Промената на власта во Полска сама по себе ќе донесе и значајни промени во внатрешната и надворешната политика.

Партијата право и правда се појавува на преден план по нејзиното противење на Еврозоната и водење на поостра борба против Русија под покривот на НАТО.

Актуелната влада на Полска претходно соопшти дека ќе прими 7 илјади мигранти, меѓутоа Партијата право и правда со образложение дека претставува закана за католичките вредности на Полска се противи на прифаќањето на мигрантите муслимани.

 


Тагови:

Слични вести