Во посебни напади на две џамии во Нигерија загинаа 45 лица

Според претпоставките во позадината на нападите се наоѓа организацијата Боко Харам

358190
Во посебни напади на две џамии во Нигерија загинаа 45 лица

Првиот напад беше извршен во една џамија во североисточниот град Маидугури за време на утринскиот намаз.

Во нападот загинаа 18 лица.

Нападот во провинцијата Адамава беше извршен за време на намазот икиндија.

Во нападот загинаа 27, а над 100 лица беа повредени.

Според претпоставките во позадината на нападите се наоѓа организацијата Боко Харам.

Инаку организацијата Боко Харам од 2000 година наваму продолжува со терористичките акции во Нигерија, најголемата африканска земја која брои 160 милиони жители.

Во нападите на организацијата Боко Харам во последните 6 години загинаа десетици илјади луѓе, а над 2 милиони беа принудени да ги напуштат домовите.


Тагови:

Слични вести