Во воздушен напад на силите на Асад загинаа 15 цивили

Воени авиони на сирискиот режим реализираа напад врз населеното место Телбисе кај градот Хомс во кој животот го загубија 15 цивили, а голем број лица беа повредени

358059
Во воздушен напад на силите на Асад загинаа 15 цивили

Во реализираниот напад од страна на воени авиони на силите лојални на Асад врз населеното место Телбисе во северниот дел на градот Хомс, кое се наоѓа под контрола на опозиционерите животот го загубија 15 цивили, а голем број лица беа повредени.

Локални активисти во регионот истакнаа дека воени авиони го бомбардирале населено место со цивили, во подрачјето каде што бил реализиран воздушниот напад била причинета голема материјална штета и дека воени авиони и хеликоптери на режимот реализирале напад врз месноста Ганто кај градот Хомс.

Населеното место Телбисе кое се наоѓа на магистралниот пат Хомс-Хама поради тоа што се наоѓа под контрола на опозиционерите ја попречуваше врската на режимот со овие два града.

Силите лојални на Асад за воспоставување на контролата над подрачјето во почетокот на овој месец организираа операција поддржана и од воени авиони на руската армија, меѓутоа со силниот отпор на опозиционерите нападите на силите на режимот беа отфрлени.


Тагови:

Слични вести