Во самоубиствен напад на џамија во Нигерија загинаа 28 лица

Според добиени информации од очевидци нападот бил извршен во градот Маидугури во североисточниот дел на земјата за време на утринскиот намаз и дека се слушнале две експлозии од џамијата

357977
Во самоубиствен напад на џамија во Нигерија загинаа 28 лица

Во реализиран самоубиствен напад на џамија во Нигерија животот го загубија 28 лица.

Според добиени информации од очевидци нападот бил извршен во градот Маидугури во североисточниот дел на земјата за време на утринскиот намаз и дека се слушнале две експлозии од џамијата.

Се претпоставува дека нападот е извршен од страна на терористичката организација Боко Харам.

Истата терористичка организација и пред една недела реализира напад на џамија во истиот град при што во двојниот самоубиствен напад животот го загубија 30 лица.

Во нападите на терористичката организација Боко Харам која е поврзана со ДЕАШ за 6 години животот го загубија 20 илјади лица, а приближно 2,5 милиони луѓе беа приморени да ги напуштат своите домови.

 


Тагови:

Слични вести