Страотна сообраќајна несреќа во Франција: 43 загинати

358050
Страотна сообраќајна несреќа во Франција: 43 загинати

Во судир на патнички автобус и камион во близина на градот Бордо во југозападниот дел на Франција животот го загубија 43 лица меѓу кои се наоѓа и возачот на камионот.

Надлежни истакнаа дека двете возила директно се судриле по што се појавил пожар.

Пожарот бил причина за зголемување на бројот на загинатите во несреќата.

Од автобусот кој превезувал приближно 50 француски пензионери успеале да избегаат 8 лица меѓу кои се наоѓал и возачот.

Во објавеното соопштение од министерството за внатрешни работи се вели дека сеуште е рано да се каже причината за несреќата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд кој престојува во посета на Грција несреќата ја окарактеризира како „мошне голема трагедија“ и вети дека ќе биде поведена обемна истрага.

Во Франција во 1970-тите години во сообраќајни несреќи секоја година животот го губеа повеќе од 16 илјади лица, додека оваа бројка во последните години се намали на некаде околу 4 илјади. 


Тагови:

Слични вести