Отворена Светската платформа за соработка со Африка

Во главниот град на Сенегал Дакар отворена „Светската платформа за соработка со Африка“ за која минатат година беше одлучено да се формира од страна на Африканската унија

397123
Отворена Светската платформа за соработка со Африка

Афричкиот континент сака да се интегрира со светот...

Во Сенегал отворена „Светската платформа за соработка со Африка“ за која минатата година беше одлучено да се формира од страна на Африканската унија.

На свеченото отворање во главниот град на Сенегал Дакар освен од институции и организации како што се ОН, Африканската унија, Ново партнерство за развој на Африка (НЕПАД) учествуваа претставници и од голем број земји од Турција до Јапонија и од Италија до Индонезија.

На отворањето говореше сенегалскиот претседател Меки Сал кој истакна дека „Светската платформа за соработка со Африка“ ќе ги состанува афричкиот континент и меѓународните партнери.

Сал рече дека посакуваат да се реализира одржлива соработка во глобални рамки.

Сенегалскиот претседател Меки Сал истакна дека афричкиот континент треба да излезе од регион каде што се испраќа само помош и да стане регион кој ќе се истакне со раст, развој и инвестирања.

Членовите на „Светската платформа за соработка со Африка“ по свеченото отворање својот состанок го продолжи зад затворени врати.


Тагови:

Слични вести