Средба на Меркел и Нетанјаху во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Берлин по што двајцата лидери одржаа заедничка конференција за печатот

396019
Средба на Меркел и Нетанјаху во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Берлин.

На средбата својот белег го удрија израелско-палестинските односи и случувањата во Сирија.

Германската канцеларка Меркел на одржаната конференција за печатот по средбата истакна дека нејзината земја чувствува длабока загриженост од растечкото насилство помеѓу Израел и Палестина и додаде дека и двете страни треба да покажат поздрав разум.

Меркел рече дека изградбата на нови еврејски доселенички населби претставува најголема препрека пред решението со две држави и трајниот мир.

Правејќи проценка и на случувањата во Сирија, Меркел истакна дека присутните услови покажуваат оти лесно не може да се воспостави соодветно политичко решение.

Ангела Меркел рече: „Бешар Асад нема своја политичка иднина, меѓутоа условите кои што се појавија во последно време покажуваат дека не може брзо да се постигне политичко решение. Се надевам дека Асад ќе престане да го убива својот народ со барел бомби и дека и Русија ќе застане против ова убивање.“

Осврнувајќи се и на значењето на борбата против терористичката организација ДЕАШ германската канцеларка Ангела Меркел подвлече дека нејзината земја чувствува сериозна загриженост од растечките судири во последно време.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на едно поставено новинарско прашање застана во одбрана на тоа дека ѕидот што се гради во Ерусалим претставува физичка препрека пред камењата и молотовите коктели. 


Тагови:

Слични вести