Катар најави воена интервенција во Сирија

Катарскиот министер за надворешни работи Атије истакна дека постои можност да од реализација на воена интервенција врз Сирија

357382
Катар најави воена интервенција во Сирија

Катарскиот министер за надворешни работи Халид Ел Атије во интервју за американската телевизија CNN велејќи дека неговата земја нема никаков геополитички интерес и тајна агенда во Сирија рече: „Оние кои уште од првиот ден од војната во Сирија ја следат нашата позиција можат да согледат дека ние затропавме на сите врати за мировно решение.“

Катарскиот министер за надворешни работи Атије истакна дека во регионот постојат судири за кои што се водат обиди за нивно стопирање и дека истовремено постои и процес на дијалог.

Атије рече: „Ние го избираме повикот за дијалог и стоиме цврсто на негова страна. За да ја спасиме Сирија од распарчување заедно и со нашите саудиски и турски браќа ќе направиме се што е во наша можност. Доколку затреба би реализирале и воена интервенција за да ги спасиме сириските граѓани од заканите на режимот.“

Велејќи дека уште тогаш кога почна да се пролева крв беа на страната на сирискиот народ, катарскиот министер за надворешни работи Халид Ел Атије напомена дека од друга страна Советот за безбедност на ОН не може да го заштити сирискиот народ и дека затоа ја поддржуваат иницијативата „Пријатели на Сирија“.

 


Тагови:

Слични вести