Се интензивираат разговорите за израелско-палестинскиот проблем

Идната недела ќе бидат остварени средби помеѓу американскиот државен секретар Џон Кери и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Нетанјаху и германската канцеларка Ангела Меркел

393471
Се интензивираат разговорите за израелско-палестинскиот проблем

Паралелно со растечката израелско-палестинска тензија се интензивираат и меѓународните иницијативи по ова прашање.

Американскиот државен секретар Џон Кери идната недела ќе се состане со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

На дневен ред на средбата Кери-Нетанјаху ќе се најдат насилствата во кои животот го загубија 39 лица, а ќе биде направена проценка и на последните случувања во регионот.

Освен тоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху иднатата недела ќе отпатува за Берлин каде што ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во меѓувреме израелските безбедносни сили по насилствата во кои животот го загубија 39 лица преземаат вонредни безбедносни мерки во голем број области вклучувајќи го и Ерусалим.

Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш ја изрази својата загриженост од случувањата во регионот.

Обама истакна дека Израел располага со право на одбрана на своите граѓани од насилство, но додаде дека единствениот пат за решение е решението со две држави.


Тагови:

Слични вести