Русија не испрати оружје на Курдите во Сирија

Русија од Турција очекува поддршка во борбата против ДЕАШ

354971
Русија не испрати оружје на Курдите во Сирија

Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов рече дека неговата земја не испрати оружје на Курдите во Сирија.

По повикувањето на амбасадорите на САД и Русија од страна на Министерството за надворешни работи и предупредувањето во врска со помошта во оружје на ПЈД, Москва објави соопштение во врска со прашањето.

Москва преку заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов кој одржа говор на една конференција посветена на Руско-турските односи рече Русија не испрати оружје на Курдите во Сирија.

Богданов рече дека од Турција очекуваме поддршка во борбата против ДЕАШ. Спремни сме за секаков вид соработка со Турција. Наскоро меѓу министрите за надворешни работи на двете земји ќе се одржат средби на кои претежно ќе се фокусираме кон Сирија и другите прашања.

Од друга страна пак, во врска со прекршувањето на турскиот воздушен простор од страна на руските авиони во Анкара допатува делегација на руската армија.

Делегацијата предводена од заменик командантот на воздушните сили генерал-мајорот Сергеј Дронов одржа средби со претставниците на Генералштабот.

На разговорите беа разменети мислења во врска со причините за прекршувањето на турскиот воздушен простор и мерките кои што треба да се преземат за спречување на истите.

Руските борбени авиони во Сирија на 3 и 4 октомври без дозвола влегоа во турскиот воздушен простор кој настан предизвика напнатост во односите меѓу двете земји.


Тагови:

Слични вести