Продолжуваат вооружените судири во Јемен

Во последните реализирани воздушни напади од страна на коалиционите сили и вооружените судири загинаа 18 лица од кои 15 од редовите на Хусите, а 48 лица беа повредени

354646
Продолжуваат вооружените судири во Јемен

Продолжуваат вооружените судири во Јемен...

Во реализираните воздушни операции на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија и во вооружените судири помеѓу Силите на Народниот отпор и шиитското движење на Хусите Енсаруллах во градот Таиз загинаа 18 лица од кои 15 од редовите на Хусите, а 48 лица беа повредени.

Според добиени информации од полициски извори во Јемен воени авиони на коалиционите сили реализираа воздушни напади врз позиции на Хусите и аеродромот во Таиз, како и врз 22-та и 35-та бригада и 3 моста.

Притоа во нападите загинаа 17 припадници на Хусите.

Во реализираните напади од страна на Шиитските бунтовници Хусите пак на населени места во градот Таиз загинаа тројца цивили.

Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија заедно и со јеменската армија и силите на Народниот отпор започнаа и копнена операција за ослободување на градот Ел-Џевф.

 


Тагови:

Слични вести