По изборите во Киргистан не ќе може да формира самостојна влада

Социјалдемократската партија е очекува да биде назначена за мандатор за формирање на владата

349846
По изборите во Киргистан не ќе може да формира самостојна влада

По изборите во Киргистан ниту една партијане ќе може да формира самостојна влада.

Само 6 партии од вкупно 14 го поминаа изборниот праг и влегоа со парламентот кој брои 120 пратеници.

Претседателот на централната изборна комисија Тујгунали Абдрајимов рече дека на парламентарните избори во земјата учествуваа 1 милион 524 илјади 327 гласачи, а процентот на учеството на граѓаните на изборите изнесуваше 55 отсто од севкупниот гласачки електорат.

Според резултатите од изборите, Социјалдемократската партија на претседателот Алмазбек Атамбајев освои 38 пратенички места, опозиционата Републиканска татковинска партија на поранешниот премиер Омубек Бабанов 28, провладината Киргистанска партија 18, опозиционата партија Напредок која беше формирана пред самите избори 13, партијата Едно единство 12 и Социјалистичката татковинска партија 11 пратеници.

Според овие резултати, Социјалдемократската партија е очекува да биде назначена за мандатор за формирање на владата.

Киргистанските избирачи првпат гласаа според новиот електронски систем покажувајќи ги личните карти и со контрола на отисоците на прстите.


Тагови:

Слични вести