Бројот на жртви во Гватемала се зголеми на 73 лица

Во лизгањето на земјиштето предизвикано од силните вренежи од дожд во областа Санта Катерина Пинула во југоисточниот дел на Гватемала според последни добиени информации животот го загубија 73 лица

387191
Бројот на жртви во Гватемала се зголеми на 73 лица

Бројот на лицата кои го загубија животот во лизгањето на земјиштето предизвикано од силните врнежи од дожд во централно-американската држава Гватемала се зголеми на 73, а 350 лица се уште се водат како исчезнати.

Во лизгањето на земјиштето во Санта Катерина Пинула во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити, беа оштетени и приближно 125 куќи.

Пожарникарните екипи истакнуваат дека меѓу жртвите има и деца и бебиња.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје.

Во областа Санта Катерина Пинула во југоисточниот дел на Гватемала ноќта во четврток дојде до лизгање на земјиштето предизвикано од силните врнежи кои што ја погодија оваа област.

 

 


Тагови:

Слични вести