Во терористички напади во Нигерија загинаа 39 лица

Во терористички напади во главниот град на Нигерија Абуџа и во две провинции на северот на оваа земја загинаа 39 лица, а 80 лица се ранети

387107
Во терористички напади во Нигерија загинаа 39 лица

Во две одделни места во периферните делови на нигерискиот главен град Абуџа експлодираа бомби при што 18 лица загинаа, а 41 лице е рането.

10 лица загинаа, а 39 лица се ранети и во едновремени самоубиствени напади извршени од страна на четворијца напаѓачи во градот Маидигури, престолнината на провинцијата Борно.

Во соседната провинцијата Адамава пак во реализирани напади на 3 села загинаа 11 лица.

Одговорноста за нападите засега не ја презеде никој, на местата во главниот град Абуџа каде што експлодираа бомбите претходно беа извршени напади од страна на терористичката организација Боко Харам.

Провинциите Борно и Адамава се познати како области каде што е формирана терористичката организација Боко Харам и кои најмногу стануваат цел на напади.

Од друга страна во поставена заседа од страна на милитанти на Боко Харам во Нигер загинаа двајца нигерски војници.


Тагови:

Слични вести