САД под шокот на уште еден нов вооружен напад

Безбедносните сили на местото на настанот открија три револвери и една пушка

386409
САД под шокот на уште еден нов вооружен напад

Во вооружениот напад чија цел беше Високата школа „Umpqua“ во провинцијата Орегон загинаа 10, а 7 лица беа повредени.

26 годишниот вооружен напаѓачКрис Харпер Мерсер влезе во едно училиште во кое учат околу 3 илјади деца и почна да пука наоколу.

По пријавувањето на случајот, на местото на настанот дојде и полицијата со која напаѓачот влезе во вооружен судир.

Напаѓачот беше убиен во вооружениот судир.

Безбедносните сили на местото на настанот открија три револвери и една пушка.

Во врска со нападот започна сеопфатна истрага.

Случајот повторно ги разгоре дискусиите во врска со наоружувањето на луѓето во земјата.

Веднаш по вооружениот напад, американскиот претседател барак Обама упати повик до граѓаните да извршат притисок врз членовите на Конгресот за усвојување порационален и поразумен закон за оружјето.


Тагови:

Слични вести