Повик од Франција за борба против климатските промени

Францускиот претседател Франсоа Оланд пред Генералното Собрание на ОН во седиштето на светската организација во Њујорк рече: „Доколку не постигнеме договор во Париз може да биде многу доцна за светот“

347777
Повик од Франција за борба против климатските промени

Францускиот претседател Франсоа Оланд пред Генералното Собрание на ОН информираше за Конференцијата за климатски промени што ќе се одржи на крајот на ноември во Париз.

Оланд рече: „Доколку не постигнеме договор во Париз може да биде многу доцна за светот.“

Истакнувајќи дека за борба со климатските промени до 2020 година се потребни 100 милијарди долари, Оланд напомена дека неговата земја ќе достави поддршка од 3 милијарди евра годишно и дека оваа поддршка до 2020 година ќе се зголеми на 5 милијарди евра.

Во оваа точка Оланд ги повика развиените земји и особено Кина и САД кои сносат најголема одговорност да ги исполнат своите одговорности по прашањето на климатските промени.

На Конференцијата за климатски промени што ќе се одржи на крајот на ноември во Париз со цел намалување на емисиите на стакленичките гасови во светот и за спречување на негативното влијание на климатските промени во светот, ќе учествуваат високи функционери од над 190 земји.

Рокот на постоечките договори во врска со емисиите на стакленичките гасови истекува во 2020 година така да на оваа конференција се има за цел да се постигне нов договор со широко учество.

 


Тагови:

Слични вести