Дополнителни 1 милијарда евра од ЕУ за мигрантите

Во Брисел се состанаа лидерите на земјите членки на ЕУ кои по масовниот прилив на мигранти на нивните граници почнаа да бараат решение за оваа криза

391715
Дополнителни 1 милијарда евра од ЕУ за мигрантите

Европската Унија истакна дека би можела да достави дополнителни 1 милијарда евра помош за мигрантите.

Во Брисел се состанаа лидерите на земјите членки на ЕУ кои по масовниот прилив на мигранти на нивните граници почнаа да бараат решение за оваа криза.

По самитот претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск изјави дека била донесена одлука за доделување на дополнителни 1 милијарда евра помош за мигрантите кои живеат во кампови.

Туск кој ги посети камповите во кои се сместени бегалците во Турција, Јордан и други земји истакна дека бегалците кои останаа без своите домови се решени да дојдат во Европа.

Во објавеното соопштение на крајот на лидерскиот самит на ЕУ зазема место посебен член во врска со Турција.

Според тоа ЕУ одлучи да ги зајакне соработката и дијалогот со Турција која ги отвори своите врати за приближно 2 милиони сириски бегалци, додека претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на 5 октомври ќе го угостат претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во Брисел.

И покрај тоа што на самитот на лидерите на ЕУ беа доживеани дискусии по прашањето на распределувањето на 120 илјади мигранти меѓу земјите членки на Унијата согласно бројот на населени на секоја земја членка, претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск разговорите ги коментира со зборовите „Извонредно, поминаа во подобра атмосфера од она што очекувавме.“


Тагови:

Слични вести