Бомбашки напад на џамија во главниот град на Јемен Сана

Цел на терористички напад беа муслимани кои утрово клањаа бајрам намаз во една џамија во јеменскиот главен град Сана

391645
Бомбашки напад на џамија во главниот град на Јемен Сана

Терористичките напади во Јемен не престанаа ниту за време на Курбан Бајрам.

Цел на терористички напад беа муслимани кои утрово клањаа бајрам намаз во една џамија во јеменскиот главен град Сана.

За нападот извршен од страна на бомбаш-самоубиец и во врска со бројот на загинати и во врска со начинот на кој е извршен нападот пристигнуваат контрадикторни информации.

Некои извори соопштуваат дека бројот на загинати изнесува 29 лица, додека според официјални извори во нападот загинале 10 лица.

Првата експлозија се случила внатре во џамијата, а втората откако луѓето почнале да бегаат надвор. Дури се вели дека во џамијата била пронајдена и треба бомба.

Странски новински агенции соопштуваат дека во нападот загинале 25 лица, додека иранската државна телевизија јави дека бројот на жртви изнесува 29.

Според објавеното соопштение од страна на јеменски функционери пак бројот на загинати изнесува 10 лица.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).


Тагови:

Слични вести