Во јеменскиот град Таиз загинаа 11 лица

За време на судирите помеѓу Хусите и силите лојални на јеменскиот претседател Хади топовска граната падна врз еден купопродажен центар во градот Таиз при што животот го загубија 11 лица

352254
Во јеменскиот град Таиз загинаа 11 лица

Во градот Таиз во Јемен продолжуваат судирите помеѓу Движењето на Хусите Енсаруллах и Силите за народен отпор лојални на јеменскиот претседател Мансур Хади.

За време на судирите топовска граната падна врз еден купопродажен центар при што животот го загубија 11 лица.

Хусите и приврзаниците на соборениот лидер Али Абдулах Салех реализираат чести напади на градот Таиз кој го држат под опсада и нападите чија цел се местата населени со цивилно население стануваат причина за големи човечки загуби.

Во меѓувреме беа ослободени тројца американски државјани, двајца Саудијци и еден Англичанец кои пред 6 месеци беа киднапирани од страна на милитантите на шиитските бунтовници Хуси, а меѓу кои се наоѓаа и новинари.

Заложниците со специјален авион беа однесени во главниот град на Оман Маскат од каде што ќе бидат испратени во нивните земји.

Како што се наведува улога во ослободувањето на заложниците одиграле властите на Оман.

Минатиот месец исто така беше ослободен еден француски државјанин кој беше киднапиран во јеменскиот главен град Сана и 6 месеци беше држан во заложништво.


Тагови:

Слични вести