Во операциите во Сана загинаа 30 лица, а во Таиз 6 лица

Во Јемен продолжуваат операциите на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија во кои во главниот град Сана загинаа 30 лица, а во градот Таиз 6 лица

390656
Во операциите во Сана загинаа 30 лица, а во Таиз 6 лица

Во реализираните операции на коалиционите сили под водство на Саудиска Арабија во главниот град на Јемен Сана животот го загубија 30 лица, а во градот Таиз 6 лица.

Цел операциите во главниот град Сана каде што беа извршени 72 воздушни напади беше историската област Баб’ул Јемен.

Притоа беа срушени некои историски згради кои од страна на Хусите биле употребувани како политички канцеларии поради што беа и цел на операциите.

Поради порастот на бројот на повредените се доживува и недостаток од лекови. Лековите во голем број болмници се потрошени поради што министерството за здравство под контрола на Хусите упати повик до меѓународните хуманитарни организации за доставување на лекови.

Во меѓувреме во реализираните операции во градот Таиз од страна на шиитските бунтовници Хуси животот го загубија 6 цивили од кои две жени, а 8 лица се повредени.


Тагови:

Слични вести