Стефан О’Брајан: Сирија веќе претставува глобален проблем

Заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и итни состојби Стефан О’Брајан говореше пред Советот за безбедност на ОН при што истакна дека состојбата во Сирија е крајно очајна и болна

388807
Стефан О’Брајан: Сирија веќе претставува глобален проблем

Заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и итни состојби Стефан О’Брајан укажа на тоа дека илјадници цивили во Сирија со големи тешкотии водат борба за да опстојат во живот и рече дека Сирија веќе претставува глобален проблем.

О’Брајан говореше пред Советот за безбедност на ОН при што истакна дека состојбата во Сирија е крајно очајна и болна.

Подвлекувајќи дека поради војната илјадници лица се соочени со директна закана од смрт, О’Брајан напомена дека поради нападите е разрушена инфраструктурата во Сирија.

Стефан О’Брајан нагласи дека луѓето во голем број градови на чело со главниот град Дамаск и градот Алепо со месеци водат борба за живот без вода и електрична струја.

Заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и итни состојби О’Брајан истакна дека близу 2 милиони деца во Сирија не можат да добијат образование и здравствени услуги и дека приближно 500 илјади лица имаат потреба од итна помош.

Од друга страна војната во Сирија продолжува со сета жестина.

Хеликоптер на сирискиот режим реализира напад со барел бомби на маалото Мешед во градот Алепо, кое се наоѓа под контрола на опозиционерите.

Притоа во нападот животот го загубија 45 лица, десетици лица беа повредени, а голем број лица останаа затрупани под срушените куќи.

 


Тагови:

Слични вести