Леон: До 20 септември да се формира влада на компромис во Либија

Бернардино Леон во рамките на разговорите за дијалог во Либија кои што ги продолжува во мароканскиот град Сухејрат изјави за печатот дека ОН сакаат да го интензивираат процесот на дијалог во Либија

350943
Леон: До 20 септември да се формира влада на компромис во Либија

Специјалниот претставник на ОН за Либија Бернардино Леон даде рок до 20 септември да бидат утврдени кандидатите за владата на компомис во Либија.

Бернардино Леон во рамките на разговорите за дијалог во Либија кои што ги продолжува во мароканскиот град Сухејрат изјави за печатот дека ОН сакаат да го интензивираат процесот на дијалог во Либија.

Подвлекувајќи дека формирањето на владата на компромис е најзначајниот дел од процесот, Леон нагласи дека оваа можност не треба да се испушти.

Процесот за решение со кој ќе се стави крај на судирите и политичката криза во Либија предвидува формирање на влада на компромис помеѓу владите во Триполи и во Тобрук.


Тагови:

Слични вести