Египетската армија по грешка погоди конвој со туристи
Во напад на египетската армија по грешка беше погоден конвој со туристи при што животот го загубија 12 лица меѓу кои наоѓаат и мексикански туристи, а 10 лица беа повредени
Египетската армија во реализираните операции во пустинското подрачје во југозападниот дел на земјата по грешка погоди конвој со туристи.
Притоа во нападот животот го загубија 12 лица меѓу кои се наоѓаат и мексикански туристи, а 10 лица беа повредени.
Како што се истакнува за патувањето на конвојот составен од 4 возила не била земена дозвола од египетското министерство за туризам поради што се мислело дека станува збор за конвој со терористи.
Мексиканското министерство за надворешни работи побара да се покрене истрага во врска со случајот.
Од друга страна во огнот отворен од страна на милитанти во градчето Шејх Зувејд на Синајскиот полуостров загина едно лице, а едно лице беше повредено.
Исто така ипри експлозија на поставена мина во руралното подрачје во истото населено место беа повредени 3 деца на 7 годишна возраст.
Организацијата Енсари Бејтил Макдис која делува на Синајскиот полуостров по воениот удар со кој беше соборен Мухаммед Мурси, првиот демократски избран претседател на Египет по демократски избори, ги засили нападите против египетската армија.
Организацијата во 2014 година ја прогласи својата приврзаност кон терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).