Продолжуваат судирите во Сирија

Во северозападниот дел на главниот град Дамаск во населеното место Зебедани во близина на границата со Либан убиени 18 милициски сили на Хезболах и 11 војници на режимот на Асад

377789
Продолжуваат судирите во Сирија

Опозиционерите во Сирија во северозападниот дел на главниот град Дамаск во населеното место Зебедани во близина на границата со Либан убија 29 лица од кои 18 милициски сили на Хезболах и 11 војници на режимот на Асад.

Силите на Асад пак извршија напад со тенкови, топови и ракети на областа Џебел Шарки каде што се водат жестоки судири помеѓу силите на опозицијата и силите на режимот поддржани и од милициски сили на Хезболах.

Како што се наведува опозиционерите воената опрема и муницијата обезбедени преку Либан од Зебедани ги доставуваат до главниот град Дамаск и внатрешните делови на земјата поради што силите на режимот и милициските сили на Хезболах реализираат напад на Зебедани.

Наспроти нападот на сирискиот режим на населеното место Зебедани силите на опозицијата реализираат напади со тешко оружје на селата Фуа и Кафраја во кои во мнозинство живеат Шиити и кои се наоѓаат под контрола на режимот.


Тагови:

Слични вести