Лавров ги повика САД на оперативна соработка во Сирија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека неговата земја е спремна повторно да ја започне соработката со американската армија, а како што рече за спречување да дојде до неочекувани и непожелни случувања во Сирија
378114
Русија ги повика САД на оперативна соработка во Сирија.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека неговата земја е спремна повторно да ја започне соработката со американската армија, а како што рече за спречување да дојде до неочекувани и непожелни случувања во Сирија.
Лавров наведе дека оперативната соработка со Вашингтон која е суспендирана треба да биде продолжена.
Рускиот министер за надворешни работи го додаде и тоа дека неговата земја ќе продолжи да му испорачува оружје на режимот во Сирија за помош во борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).
Слични вести

Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан
Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан