Хуманитарна кампања за помош на семејствата на турските херои

Кампањата започна со пораки за единство и беше подвлечено дека сите треба да се ангажираме за воспоставување на мирот и благосостојбата во земјата

377981
Хуманитарна кампања за помош на семејствата на турските херои

Турците во САД започнаа хуманитарна кампања за собирање помош за семејствата на турските херои, приврзаници на безбедносните сили кои загинаа во нападите на терористичката организација ПКК.

Со кампањата што ја започна Турско-американскиот комитет за ориентација кој ги претставува и застапува 155 турски невладини организации во САД, се предвидува во некоја мера да се намали тагата и болката на семејствата на загинатите турските херои пред празникот Курбан Бајрам.

Комитетот, собраната помош ќе је достави со посредство на Фондацијата на турските војници.

Хуманитарната кампања започна со пораки за единство и беше подвлечено дека сите треба да се ангажираме за воспоставување на мирот и благосостојбата во земјата, особено за духовниот мир на турските војници кои загинаа и беа повредени и не се колебаа да ги дадат своите животи.

Бројот на банкарската сметка за сите Турци во САД кои што сакаат да учествуваат во кампања е следен:

КОД НА ОЗНАКА: 0650-0000-90

БРОЈ НА СМЕТКА: 1357-2108-91

SWIFT КОД: HIBKUS44


Тагови:

Слични вести