Јеменската Влада ги прифати директните преговори со Хутите

Силно се подржуваат напорите на специјалниот претставник на ОН Исмаил Велед Шеик Ахмед

344186
Јеменската Влада ги прифати директните преговори со Хутите

Јеменската Влада ги прифати директните преговори со учество на приврзаниците на шиитското движење Енсарулах на Хутите.

Според веста на официјалната новинска агенција САБА, под делегацијата под претседателство на претседателот Абдурабу Мансур Хади, премиерот Халид Бахах и голем број високи државни претставници одржаа состанок во привремениот штаб на Јеменската Влада во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Приврзаниците на Хади кои имаат за цел да го остварат спроведувањето на резолуцијата број 2216 на Советот за безбедност на ОН го прифатија предлогот за учество и на Хутите на состанокот за постигнување компромис.

Исто така силно се подржуваат напорите на специјалниот претставник на ОН Исмаил Велед Шеик Ахмед кој на состанокот учествува во својство на посредник.

Со резолуцијата број 2216 усвоена од страна на СБ на ОН во април, се предвидува Хутите и приврзаниците на Салих да се повлечат од градовите во кои вршат насилства и ги убиваат невините цивили.


Тагови:

Слични вести