Американскиот Сенат фрли уште еден историски чекор

Демократите во американскиот Сенат ја спречија евентуалната можност за доставување на содржина на договорот

344214
Американскиот Сенат фрли уште еден историски чекор

Укината можноста за евентуално одбивање на постигнатиот нуклеарен договор меѓу Иран и земјите П5+1 од страна на американскиот Конгрес.

Демократите во американскиот Сенат ја спречија евентуалната можност за доставување на содржина на договорот кој евентуално можеше да се одбие на конечното гласање.

На гласањето на Конгресот на кое беа потребни 60 гласови за надминување на пречката од евентуално одбивање на договорот на седницата на Сенатот, 58 сенатори гласаа за, а 42 против.

Американскиот претседател Барак Обама во писменото соопштение што го објави по гласањето рече дека резултатот претставува историски чекор.

Обама додаде дека со усвојувањето на одлуката за одобрување на постигнатиот договор, се овозможи прилика за продолжување на активностите со меѓународните партнери за постигнување сеопфатен и долготраен договор со кој ќе се спречи стекнувањето на Иран со нуклеарно оружје.

Овој резултат претставува победа за дипломатијата, американската национална безбедност, како и сигурноста и безбедноста на светот, рече Обама и потенцираше дека резултатот во суштина не е изненадување. Впрочем додека за Обама беше доволна гарантираната поддршка на 34 сенатори, бројот на сенаторите кои гласаа за договорот изнесуваше над 40.

На тој начин беше затворен патот за усвојување на евентуална резолуција против договорот од страна на Конгресот и беше гарантирано правото на вето на Обама.


Тагови:

Слични вести