Револт во Велика Британија против посетата на Нетанјаху

Голем број Британци се собраа пред владината зграда во Лондон и протестираа против посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

343969
Револт во Велика Британија против посетата на Нетанјаху

Посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Велика Британија предизвика револт кај голем број граѓани на оваа земја.

Голем број Британци се собраа пред владината зграда во Лондон и протестираа против посетата на Нетанјаху.

Повеќе од 400 демонстранти бараа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кого го обвинуваат за вршење воено злосторство и за убиство на голем број деца, веднаш штом ќе стапне нога на британска територија да биде уапсен. Но и покрај овие протести Нетанјаху допатува во Лондон каде што демонстрација одржаа и приближно 100-тина израелски приврзаници.

Британската полиција тешко можеше да ги одвои противниците и приврзаниците на Израел при што во немирите беа приведени двајца демонстранти.

Во меѓувреме бројот на лицата кои ја потпишаа петицијата со која се бара израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде уапсен во Велика Британија поради извршено воено злосторство достигна до 180 илјади.

Со тоа е отворен патот прашањето да се постави на разгледување и во британскиот парламент.

Некои супермаркети во Велика Британија поставуваат дополнителни етикети на производите кои што се увезуваат од Западниот брег кој се наоѓа под израелска окупација, а исто така се повикуваат потрошувачите на бојкот против израелските стоки кои што се произведуваат на окупираните палестински територии од страна на еврејските доселеници.


Тагови:

Слични вести