Состанок на Трилатералната контакт група во Минск

Претставниците на Трилатералната контакт група се состана во главниот град на Белорусија, Минск

377017
Состанок на Трилатералната контакт група во Минск

Трилатералната контакт група составена од претставници на Украина, Русија и Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) се состана во главниот град на Белорусија, Минск.

На состанокот што се одржа зад затворени врати учествуваа поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма, специјалниот претставник на Русија Азамат Кулмухаметов, претставникот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) Мартин Сајдик и претставниците на самопрогласените Народни Републики на Донецк и Луганск во источниот дел на Украина, Денис Пушилин и Владислав Дејнего.

Притоа на состанокот на Трилатералната контакт група формирана за надминување на затегнатоста во источниот дел на Украина со претставниците на сепаратистите беше разговарано за решавање на проблемот во источниот дел на Украина по мировни патишта тешкото оружје со калибар помал од 100 милиметри да биде повлечено од фронтовата линија, локалните избори кои што ќе се одржат во октомври и прашања во врска со статусот на источните области.

Следниот состанок на Трилатералната контакт група ќе се одржи на 22 септември.


Тагови:

Слични вести