САД загрижени од руската поддршка на режимот во Сирија

Руската поддршка на режимот во Сирија претставува опасен чекор

343741
САД загрижени од руската поддршка на режимот во Сирија

Информациите во врска со одлуката на Москва за испраќање авиони на режимот во Сирија во знак на поддршка предизвика загриженост во Вашингтон.

Според Вашингтон, руската поддршка на режимот во Сирија претставува опасен чекор.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест ја изнесе загриженоста од чекорот на Русија кој може да ги разгоре судирите во Сирија.

Оваа состојба може да предизвика поголеми човечки загуби кај Сиријците подвлече Ернест посочувајќи и на можноста за зголемување на бројот на бегалците.

Ернест се осврна и на ризикот од конфликтот со коалицијата која војува против ДЕАШ (ИСИЛ).

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби пак рече дека најдобро што може да направи Русија во однос на судирите во Сирија е да ја прекине помошта и поддршката како и охрабрувањето на Асад.


Тагови:

Слични вести