Осуда од страна на ОН, НАТО и САД против терористичките напади

Бан Ки Мун ги осуди нападите врз безбедносните сили во Турција

376929
Осуда од страна на ОН, НАТО и САД против терористичките напади

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги осуди нападите врз безбедносните сили во Турција и изрази сочувство на Владата и народот на Турција.

Според писменото соопштение објавено од страна на Портпаролоството на генералниот секретаријат на ОН, Бан ја изрази загриженоста по повод порастот на насилствата во Турција.

Бан упати повик за умереност и незголемување на насилствата, потенцирајќи дека активно ја следат состојбата со цел да не дојде до зголемување на негативното влијание на судирите врз регионот.

Остра осуда против кукавичките напади на терористичката организација ПКК беше објавена и од страна на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ги осуди нападите во планинското подрачје Даглиџа кај Хакќари и Игдир, изразувајќи сочувство на Владата и народот на Турција по повод жртвите кои загинаа во истите.

Столтенберг рече дека тероризмот не може да има никаква причина, потенцирајќи дека НАТО споделува солидарност со сојузничка Турција, нејзината влада и народот.

САД исто така не остана индиферентен кон нападите насочени врз приврзаниците на турските безбедносни сили.

Белата куќа, Стејт департментот и Пентагон изнесоа заеднички став и остро ги осудија нападите.

Портпаролот на белата куќа Џош Ернест потсети дека САД ја подржува сојузничка Турција и уште еднаш го повтори ставот дека Турција има право на самоодбрана.

Ернест потенцираше на значењето на враќањето на Турција и терористичката организација ПКК на мировниот процес на преговори насочен за изнаоѓање мировно решение, изразувајќи го задоволството од турската поддршка во борбата против ДЕАШ.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби рече дека САД го сфаќа правото на самоодбрана против тероризмот на Турција како и на секоја земја и дека во тие рамки бараат тоа да го искористи на сразмерен начин.

Портпаролот на американски Пентагон Питер Кук им изрази сочувство на семејствата на загинатите турски војници во нападите и рече дека остро ги осудуваат жртвите на терористичките напади на ПКК.
Кук во врска со операциите против терористичката организација на северот на Ирак против терористичката организација ПКК го повтори ставот дека Турција има право на самоодбрана.


Тагови:

Слични вести