Јункер: Треба да ги отвориме нашите врати за 160 илјади лица

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер говореше пред Европскиот парламент каде што ќе биде донесена конечната одлука за политиката на ЕУ кон мигрантите и каде ќе бидат официјализирани квотите за мигрантите кои ќе бидат прифатени

377129
Јункер: Треба да ги отвориме нашите врати за 160 илјади лица

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер истакна дека ЕУ под итно треба да прими и да ги смести на погодни места 160 илјади лица од сириските мигранти.

Јункер говореше пред Европскиот парламент каде што ќе биде донесена конечната одлука за политиката на ЕУ кон мигрантите и каде ќе бидат официјализирани квотите за мигрантите кои ќе бидат прифатени.

Претседателот на Европската комисија нагласи дека според претходно подготвениот план се предвидуваше Европа да прими 40 илјади мигранти, но напомена дека кон оваа бројка треба да бидат додадени уште 120 илјади лица и вкупно да бидат прифатени 160 илјади мигранти.

Подвлекувајќи дека кога се во прашање мигрантите не треба да се прави верска, расна и филозофска дискриминација, Јункер рече: „Ние Европпејците не треба да заборавиме дека правото на барање азил е едното од најзначајните права.“

Говорејќи и во врска со оние лица кои сакаат да дојдат во Европа и кои се надвор од земјите во кои се води војна како што е Сирија, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер напомена дека ќе биде објавен список на како што рече „безбедни земји“ и оние кои доаѓаат од тие земји ќе треба да се вратат назад во своите домови.


Тагови:

Слични вести