Судирите во Јемен се засилуваат во стратешкиот град Мариб

Катар кој во операциите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија почна да учествува и со свои копнени единици во Јемен испрати илјада војници

376346
Судирите во Јемен се засилуваат во стратешкиот град Мариб

Вооружените судири во Јемен се засилуваат во стратешкиот град Мариб, додека расте и бројот на арапските земји кои се приклучуваат кон коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Катар кој во операциите на коалицијата почна да учествува и со свои копнени единици во Јемен испрати илјада војници.

Телевизијата ел-Јевм 24 која емитува од Мароко соопшти дека по Катар свои копнени единици во Јемен ќе испратат и Египет, Јордан, Судан, Кувајт и Мароко.

Во меѓувреме, војниците кои пристигнуваат од арапските земји се распоредуваат со стратешкиот град Мариб каде што се засилуваат вооружените судири.

Како што се наведува доколку биде заземен Мариб следна цел ќе биде главниот град Сана кој е во својство на главно упориште на бунтовниците Хуси.

Од друга страна ОН истакнаа дека во граѓанската војна во Јемен досега загинаа 2 илјади и 100 цивили.


Тагови:

Слични вести