САД загрижени од летот на руските авиони преку Грција кон Сирија

Американската администрација побараа од Грција да го забрани летот на руските авиони кои преку нејзиниот воздушен простор летаат за Сирија

376314
САД загрижени од летот на руските авиони преку Грција кон Сирија

САД побараа од Грција како членка на НАТО да не им дозволи на руските авиони кои летаат за Сирија да го користат нејзиниот воздушен простор.

Грчкото министерство истакна дека се разгледува ова барање на САД.

Рускиот претседател Владимир Путин во изјавата што ја даде минатиот петок ја остави подотворена вратата во однос на распоредувањето на руски воени единици во Сирија, а како што рече за поддршка на борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Потоа американскиот државен секретар Џон Кери на крајот од неделата го побара по телефон рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на кого му ја достави загриженоста на неговата земја од растечкото воено присуство на Русија во Сирија.

Русија уште од почетокот на војната во Сирија е најголем поддржувач на режимот на Асад и посакува да се формира коалиција за борба против терористичката ДЕАШ во која ќе биде вклучен и режимот на Асад.


Тагови:

Слични вести