Подготвен планот на Брисел за мигрантите

Германија и Франција ќе примаат речиси половина од 120 илјади илегални мигранти и согласно планот 40 илјади мигранти ќе бидат испратени во Германија, а 31 илјада во Франција

343282
Подготвен планот на Брисел за мигрантите

Европската комисија го подготви планот на Брисел за мигрантите.

Според тоа товарот од мигрантите на Грција, Унгарија и Италија ќе го споделат Франција и Германија.

Германија и Франција ќе примаат речиси половина од 120 илјади илегални мигранти и согласно планот 40 илјади мигранти ќе бидат испратени во Германија, а 31 илјада во Франција.

Земјите членки на ЕУ пак кои не сакаат да примаат мигранти ќе можат да доставуваат придонес во пари.

Подготвениот план на Брисел за мигрантите официјално ќе биде соопштен утре (среда) а за истиот ќе се дискутира и на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ што ќе се одржи во понеделникот.

Во меѓувреме земјите од источна Европа се противат на предложениот систем за распределба на мигрантите.
Словачка истакна дека не саа да ги прими муслиманските мигранти.

Според планот на Европската комија Словачка треба да прими 2 илјади 287 мигранти, меѓутоа истакна дека би можела да прими само 200 мигранти и дека тие треба да се христијани.

Велика Британија исто така ја преиспита својата политика кон мигрантите и според тоа различно од останатите земји членки на ЕУ таа нема да прими мигранти кои се дојдени во Европа, туку самата ќе ги избере мигрантите од соседните земји на Сирија.

Властите во Лондон истакнаа дека се подготвуваат да примаат 20 илјади мигранти.

Во меѓувреме Германија одлучи да оддели 6 милијарди евра за мигрантите.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека вратите на нејзината земја се отворени за ранливата категорија мигранти кои имаат потреба од заштита, но додаде дека не може самата да го преземе товарот со мигрантската криза.

Притоа Меркел не одмина да го наведе и тоа дека мигрантите кои се дојдени во Германија од „безбедните земји“ треба да се вратат во своите земји.


Тагови:

Слични вести