Автобуска несреќа во Бразил: 15 загинати

Патничкиот автобус во кој се наоѓаа 81 патник од кои повеќето туристи од туристичкиот град Парати патуваше за крајбрежното село Триндаде при што излета во провалија длабока 50 метри

375722
Автобуска несреќа во Бразил: 15 загинати

Во југоисточниот дел на Бразил патнички автобус излета во провалија при што во несреќата загинаа 15 лица, а 66 лица се повредени.

Патничкиот автобус во кој се наоѓаа 81 патник од кои повеќето туристи од туристичкиот град Парати патуваше за крајбрежното село Триндаде при што излета во провалија длабока 50 метри.

Поради тоа што здравствената состојба на некои од повредените била тешка се стравува од зголемување на бројот на загинати.

Се претпоставува дека несреќата се случила поради откажување на кочниците на патничкиот автобус.

Надлежни истакнуваат дека не е познато зошто во автобусот со капацитет од 45 патници се наоѓале 81 патник и велат дека била започната истрага во врска со причината за несреќата.

Во Бразил која е една од земјите во кои се доживуваат најмногу сообраќајни несреќи во светот, во 2013 година животот го загубија повеќе од 40 илјади лица.

Како последно во месец март во сојузната држава Санта Катарина еден патнички автобус излета во провалија при што во несреќата животот го загубија 54 лица.


Тагови:

Слични вести