Меркел,треба да и се помогне на Турција во врска со бегалците

Германската канцеларка ангела Меркел најави германско-турска соработка на планот на бегалската криза

372609
Меркел,треба да и се помогне на Турција во врска со бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека товарот на Турција од бегалците кои пристигнуваат од Сирија и од околните земји е многу голем и дека треба да се вложат напори за да и се помогне на Турција. Меркел најави германско-турска соработка на планот на бегалската криза.

Во Турција, додаде канцеларката Меркел во Федералниот дом на печатот, евидентирани биле над 2 милиони бегалци, и морам да истакнам дека турските власти направија многу за нивно сместување и згрижување.

Голем број бегалци преку Турција и Грција пристигнуваат во европските земји рече Меркел и додаде дека Турција дојде на границата на која повеќе не може самата да се справи со бегалската криза така да деновиве сме во преговори за тоа како и да се помогне на Турција.


Тагови:

Слични вести