НАТО ги отстапува воените воздушни бази во Авганистан

8 воени бази на НАТО во Авганистан ќе им бидат отстапени на авганистанските власти

372500
НАТО ги отстапува воените воздушни бази во Авганистан

Вредноста на овие бази изнесува 2 милијарди долари а се очекува овие воздушни бази да се користат за цивилни цели, бидејќи патувањето по копно во Авганистан е опасно.

Се истакнува дека воздушните бази на НАТО во Авганистан се наоѓаат во оперативна состојба и дека не ќе има потреба од нивно поголемо реновирање заради пренамена за цивилното воздухопловство.

Авганистански владини претставници истакнуваат дека преку овие 8 воздушни бази земјата преку воздух директно ќе биде поврзана со Централна и Јужна Азија.

Сепак не ја кријат загриженоста дека е можно да се појават одредени проблеми како што се немањето искуство во контролата на воздушниот сообраќај и појавите на корупција.


Тагови:

Слични вести