Европа во паника поради безбедноста на возовите

По она што се случи со возот кој што патуваше од Париз за Амстердам на 21 август Европската унија презеде низа мерки за зајакнување на безбедносните мерки во возовите

371734
Европа во паника поради безбедноста на возовите

Европските министри на состанок во Париз се договорија за зајакнување на безбедносните мерки во возовите. Како прво на билетите на меѓународните линии ќе се пишуваат имињата и податоците на патниците, ќе се зајакнат мерките на контрола на границите воедно и на поголемите железнички станици ќе се контролираат патниците и багажот.

Министрите упатија апел од состанокот до Европската комисија до крајот на годинава да се заокружи постапката за отежнување на доделувањето на дозволи за издавање оружје. Воедно ќе се интензивира разузнавачката соработка меѓу европските земји.

На 11 септември е свикан нов состанок на ниво на експерти за безбедност, а исто така министрите за транспорт на Европската унија закажаа состанок во Луксембург на истата тема.


Тагови:

Слични вести