Продолжуваат воздушните напади на силите на Асад

247 цивили загинале во воздушните напади во последните 10 дена во областа Јужна Гута и во поширокиот регион

369900
Продолжуваат воздушните напади на силите на Асад

Нема ден а да нема загинати цивили во воздушните напади на силите на Асад над населбите кои се под контрола на силите на опозицијата во околината на главниот град Дамаск.

Извори на опозицијата соопштија дека 247 цивили загинале во воздушните напади во последните 10 дена во областа Јужна Гута и во поширокиот регион.

Над 50 од загинатите биле деца а бројот на ранетите излесувал над 1000.

Инаку Јужна Гута е под опсада скоро 2 години.

Воздушните напади на силите на Асад започнаа утрото на 16 август.Само во еден од овие напади загинале 117 цивили.


Тагови:

Слични вести