Продолжуваат операциите против ДЕАШ во Ирак и Сирија

Коалиционите сили реализираа 36 нови воздушни напади против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Ирак и Сирија

369393
Продолжуваат операциите против ДЕАШ во Ирак и Сирија

Меѓународните коалициони сили предводени од САД реализираа 31 нов воздушен напад против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Ирак и 5 нови напади во Сирија.

Во реализираните операции од широк обем од страна на ирачките безбедносни сили поддржани и од племенските заедници против терористичката ДЕАШ беше ослободена областа Џебе на 90 километри од Рамади во провинцијата Анбар.

Како што се истакнува во судирите загинале тројца припадници на племенски заедници, биле повредени четворујца војници и биле убиени 27 терористи на ДЕАШ.

Во судирите во Рамади пак биле убиени четворујца терористи на ДЕАШ.

Од друга страна беше соопштено дека терористичката организација ДЕАШ застрелала 5 цивили во Фелуџе.

Во објавеното соопштение од Високиот комесаријат за човекови права за Ирак се истакнува дека терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) досега во Мусул убила 2100 лица, а повеќе од 1500 деца биле обучени како војници.


Тагови:

Слични вести