Северна и Јужна Кореја постигнаа договор за смирување на тензиит

Претставниците на Северна и Јужна Кореја по неколкудневни разговори постигнаа договор за смирување на тензиите

368886
Северна и Јужна Кореја постигнаа договор за смирување на тензиит

Северна и Јужна Кореја постигнаа договор за смирување на тензиите кои ги доведоа двете земји до работ на војна.

Страните за смирување на растечките тензии во последно време се состанаа во селото Панмунџон на границата помеѓу двете земји.

Според постигнатиот договор Северна Кореја ќе ја укине прогласената „воена состојба“, додека Јужна Кореја ќе стави крај на емитувањето на антикомунистичките пропагандни емисии преку мегафони на границата.

Освен тоа Северна Кореја ќе го изрази своето жалење поради ранувањето на двајца јужнокорејски војници во експлозијата на мина која се случи на граничниот појас во почетокот на август.

Разговорите помеѓу страните започнаа откако Северна Кореја ги стави своите воени единици во целосна готовност и рокот на истекување на ултиматумот што го даде на Јужна Кореја.

Властите во Пјонгјанг побараа од Сеул во рок од 48 часа да ги прекине пропагандните емисии на границата и се закани дека во спротивно ќе преземе воени дејствија.


Тагови:

Слични вести